АХВ: Градоначалникот Митовски да не се иззема од одговорност за решавање на проблемот со говедата кои лутаат низ Крива Паланка

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села.
-Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема од одговорност која ја има во овој случај, бидејќи согласно Законот за јавна чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини односно чување и напасување на крупен добиток (вклучително и на говеда) на јавни површини ја има токму Општината. Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната Влада, се вели во реакцијата на АХВ.
Говедата, додаваат оттаму, ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со Агенцијата не соработува Општината која е подеднакво одговорна за решавање на проблемот.
-Како одговорна институција, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните села, го повикуваме Митовски конечно да почне да го почитува законот и да соработува со Агенцијата, за трајно решение на реалниот проблем со кој се соочуваат жителите од овој крај, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Оттаму потенцираат дека АХВ и во наредниот период ќе продолжи со активности за собирање на животните во интерес на граѓаните на Општина Крива Паланка.
МИА
Ново на Сител
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
