АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска во Тетово, почнува со реализација на серијата работилници „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на кучиња“, што ќе се реализираат во рамки на иницијативата за решавање на проблемот со бездомните кучиња во земјава.
На работилницата ќе учествуваат претставници на АХВ, министерствата за локална самоуправа и за животна средина и просторно планирање, општините од Полошкиот плански регион, претставници на ЗЕЛС, Ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, и други.
На работилницата ќе бидат презентирани новите пристапи за управување со популцијата бездомни кучиња каде преку стандардите на хуман, стручен и безбеден начин ќе се заштитат и благосостојбата на животните и јавното здравје.
Ново на Сител
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
