Македонија
14. October 2026 - 20:24

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет

Четврти обид на собранието да ги пополни двете испразнети места во Судскиот совет.

По речиси една година и три пропаднати огласи, денеска се спроведе новото интервју за кандидатите пријавени на четвртиот оглас.

Повикани беа тројца, не се појави Фадил Џелили, па неговата кандидатура, собранието ја смета за повлечена.

Другите двајца пријавени се адвокати - Емилија Алексовска од Куманово и Џоко Диков од Струмица.

Кој од нив ќе ја добие довербата да стане член на Судскиот совет ќе одлучи комисија составена од пратеници, судии, претставници на граѓанскиот сектор.

Не ги коментираа состојбите во советот и правосудниот систем, ветуваат дека ќе работат исклучиво според закон и нема да дозволат никој да влијае при нивното одлучување.

Еден од пријавените кандидати ќе треба да го заземе местото на Павлина Црвенковска, која пред време го напушти Судски.

Наследник пак сѐ уште нема и за Селим Адеми.

Досега пропаднаа три огласи, во првиот обид предложен беше полициски испектор, па кандидат сокрил дека е разрешен судија, а минатиот месец кога пратениците на пленарна седница требаше да направат избор, собранието распиша нов оглас.

Со новиот закон се заострија критериумите за член во Судски совет, па наместо како досега, само да биде истакнат правник, сега, неопходни се и препораки од универзитетски професори, адвокати или судии на уставниот суд.