АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела, спроведе вонреден инспекциски надзор кај правно лице – месарница во Општина Василево, при што на приватен имот беше откриена комора која не била регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство.
При спроведувањето на контролата, официјалните ветеринари на АХВ во комората пронајдоа и запленија 400 килограми замрзнати подготовки од месо, плескавици и ќебапи, како и 70 килограми внатрешни органи. Целокупната запленета количина подготиовки од месо и внатрешни органи нештетно се уништени на депонија, согласно пропишаните законски процедури.
Поради констатираните неправилности, изречена е мерка за времено затворање на комората, а на правното лице му се изречени и парични казни поради работа на нерегистриран објект и неозначување на производите.

Овој случај е уште една потврда за значењето на редовните и вонредните инспекциски контроли, со кои АХВ врши надзор врз работењето на операторите со храна, почитувањето на законските обврски и исполнувањето на условите за безбедност на храната што се произведува, складира и става во промет. Во периодот од јануари до август 2026 година, инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 74.838 инспекциски надзори.
Контролите опфаќаат различни сегменти од синџирот на храна на домашниот пазар и увозот, со цел навремено откривање и отстранување на неправилностите и спречување на пласманот на небезбедна храна на пазарот.

Во овој период уништени се 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување редовни и вонредни инспекциски контроли на целата територија на државава.
Приоритет остануваат заштитата на здравјето на граѓаните, спречувањето на пласманот на небезбедна храна, почитувањето на законските прописи и заштитата на правата на потрошувачите.
Ново на Сител
-

34-годишник се обидел да силува 22-годишна девојка во струмичко
-

Кривична за 38 годишен тетовец, оставил писмени закани кон деканот и останатите професори на факултетот
-

До крајот на годината „Безбеден град“ ќе казнува непрописно паркирање и запирање на булеварите
-

Дендијас: Западен Балкан е потенцијален извор на дестабилизација, Европа не смее да го занемари
-

Министерството за правда: По 30 години, нов Кривичен законик
-

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно богат за да си купи оружје
-

Јамболии, пелени и влажни марамчиња секојдневно ја затнуваат скопската канализација
-

„Безбеден град“ прогласен за најдобар проект за сообраќајна безбедност во Дубаи
