Академската фела алармира: Потребни се многу повеќе инвестиции во науката во Македонија
„Потребни се многу поголеми инвестиции во научно-истражувачката дејност во земјата“, порача ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова на денешното доделување на награди за најдобри научници за 2022 година. Македонија во моментов инвестира 0,3 % од бруто домашниот производ во оваа област. За да се подобри ситуацијата, ректорката ја посочи важноста од аплицирање на проекти од меѓународен карактер.
Ректорката потенцираше дека Македонија ќе мора да внимава, политиките во делот на науката да бидат кохерентни, а реформите и сите ресурси да бидат насочени кон целите за одржлив развој.
„Будно ќе ги следиме процесите на законските регулативи во делот на високо образование, научно истажувачка работа и иновации“, изјави Ангелова.
Во име на сите наградени, денеска се обрати и професорот Петре Макрески, кој потсети дека во извештајот за наука на УНЕСКО, објавен во 2021г. Македонија си ја држи „титулатата“ на 7-мото најдолно место на светско ниво.
За тоа дека Македонија не вложува доволно пари во областа на науката неодамна алармираа и од НАкС. Во анализата преставена пред новинарите, а потпишана од три универзитетски професори, беше препорачачо укинување на стипендиите на студенти кои сакаат да запишат студии во странство, а пак тие финансии да се насочат кон научно-истражувачки проекти дома.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
