Албанец шверцал 28 кози во „пикап“ од Македонија во Албанија
Албанската полиција, уапсила 60-годишен жител на селото Белорта, кај Корча, поради шверц на ситен добиток од Северна Македонија.
-Финализирана е шифрираната полициска акција „повторувач“ за сузбивање на недозволената трговија со добиток. Кај селото Звезда во Малиќ уапсен е Д.Џ. (60) со претходно криминално досие од оваа област. Во возило пикап превезувал 28 глави ситен добиток (кози), без соодветната документација, што го прошверцувал од Северна Македонија, со цел да го продаде во Албанија, стои во полициското соопштение.
Се додава дека врз основа на информациите добиени од полициското разузнавање дека албански државјанин ќе прошверцува ситен добиток од Северна Македонија во Албанија, тој бил следен и запрен на патниот правец Горица-Звезда.
Како материјален доказ добитокот е одземен заедно со возилото, како и одредена сума на пари.
Истрага за вмешаност и на други лица освен на албанска, ќе биде спроведена и на македонска територија, со цел сузбивање на оваа негативна појава, која е зачестена во пограничните појаси долж албанско-македонската граница, поради повисоката цена на добитокот и на месото.
Ново на Сител
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ