Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот, Израел ја поздрави резолуцијата нарекувајќи ја историска

По изгласувањето, од страна на албанскиот парламент, на Резолуцијата, со која Иран се прогласува за „држава спонзор на тероризмот“ реагираше Израел, оценувајќи ја како историска.
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, преку објава на платформата X, изрази благодарност до премиерот Еди Рама и Парламентот за овој многу важен чекор.
Нарекувајќи ја историска, тој понатаму нагласува дека „ова е демонстрација на јасна морална димензија во надворешната политика на Албанија“.
„Високо ги ценам и им благодарам на албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот парламент за историската резолуција усвоена денеска, со која Исламската Република Иран се прогласува за држава спонзор на тероризмот. Според зборовите на резолуцијата: Тероризмот во сите негови форми претставува една од најсериозните закани за демократските општества. Ова е уште една демонстрација на јасната морална димензија во надворешната политика на Албанија“, истакна Саар.
Резолуцијата парламентот ја изгласа денеска со 79 гласови „за“ на владејачките социјалисти.
На седницата, на која единствена точка на дневен ред беше резолуцијата, не присуствуваа пратениците од Демократската, Републиканската и од Партијата на слободата, наведувајќи дека „нема да учествуваат на седницата, која е свикана поради личната агенда на премиерот Еди Рама“.
Со документот исто така се бара владата да ги прогласи иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и движењето Хезболах за терористички организации.
Албанија во почетокот на септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран и ги протера иранските дипломати откога го обвини Иран дека во текот на летото истата година извршил масовен кибернапад врз државни институции на земјата.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
