Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата

Алијансата за Албанците (AA) на претседателот Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово одржува состанок со највисоките раководни органи на партијата. Централното претседателство и претседателите на ограноците, според најавите лидерот на АА, ќе одлучуваат дали ќе ја напуштат владината коалиција.
Пред почетокот на средбата Таравари не даде изјава, а вчера на отворање на партиски штаб во гостиварско Врапчиште во изјава на медиумите истакна дека ќе одлучат деновиве дали ќе продолжат со нивно учество во Владата.
Тој во Врапчиште, рече дека во коалицијата „не добиле поддршка за промените кои Албанците ги барале и очекувале“.
- Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ. Гледате, состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијанса за Албанците утре или задутре ќе решаваат за излегување од Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт, рече Таравари.
На ист ваков состанок централното раководство на АА на Таравари на 15 април беше донесена одлука на претстојните локални избори партијата да понуди сопствени листи со кандидати за советници.Тогаш Таравари образложи дека оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „Вреди“ и во составот на Владата.
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
