Алиу на 21-от Конгрес на лекари на Македонија: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем
Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава со околу 600 учесници и многу еминентни предавачи од нашата држава и странство.
Во своето обраќање, министерот Алиу посебно се осврна на дигиталното здравство и дигитализацијата како еден од клучните столбови за унапредување на здравствената заштита и системот во целост.
- Во рамки на севкупната стратегија за дигитализација и оптимизација на здравствениот систем, веќе најавивме и ново софтверско решение, како апликација, кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем. Целта е апликацијата да овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување, односно ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира, истакна во обраќањето министерот Алиу.
Воедно, тој посочи дека ваквите конгреси претставуваат извонредна можност за размена на знаења и искуства меѓу многубројните експерти, а со својата стручна експертиза придонесуваат кон подигнување на нивото на медицинската наука и практика.
На 21- от Конгрес на лекари на Македонија свое обраќање имаше и претседателот на Македонското лекарско друштво, д-р Горан Димитров.
Македонското лекарско друштво оваа година го прославува 80-годишниот јубилеј и е најстарo професионалнo здружениe во земјава кoe ги обединува сите лекари. Особено значаен сегмент во нашата работа е континуираната медицинска едукација со организирање стручни предавања, како и придонесот во создавањето и модифицирањето на медицинските протоколи во различни специјалности, истакна д-р Димитров.
МИА
Ново на Сител
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори