Македонија
21. August 2025 - 16:39

Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори

Отако интерпелациите за членови на судскиот совет и Јавниот обвинител не дале резултати, владата со решителна акција ќе го прочистува судско-обвинителскиот систем..  Премиерот Христијан Мицскоски смета дека сите кои ја урнисале довербата, не само што треба да бидат сменети, туку и да понесат одговорност.. Свесен е дека во извештаите на меѓународните организации, акцијата ќе биде толкувана како притисок, но вели дека е време правосудниот систем да го управуваат луѓе со квалитет..

„Мислам дека со целиот полиитчки ризик, после локалните избори треба една робусна акција да се направи и сите овие кои што го доведоа судството и обвинителството на ниво од 2 проценти треба да заминат. А, ако се утврди одговорност, треба и да одговараат  за тоа што се случува, по цена и на политичката штета. По цена и на тоа да бидеме дел од извештаите дека правиме политички притисоци. Бидејќи, ако седите на страна, тогаш, нема владеење на правото, ако се вклучите во процесот, тогаш правите притисок. Не можете никако да погодите, така што, подобро, Јас би рекол да расчистиме еднаш засекогаш со овие инсталации на претходната влада во рамките на нашиот судско-обвинителски систем“, изјави Христијан Мицкоски, Премиер. 

Мицкоски нагласува дека владата не се откажала од разрешувањето на Државниот јавен обвинител.. Паузата како што појаснува, била само заради истрагата за пожарот во Кочани....

„Ние не ги менуваме становите преку ноќ, доколку од другата страна нема некои објективно, крупни значајни аргументи кои би не довеле во ситуација да го преразгледаме нашето мислење“ вели Мицкоски..

По изгласување на интерпелацијата во Собранието, обвинителот Коцевски најави дека нема да се повлече од функцијата. Тој нагласи дека Обвинителството постапувало по значајни предмети, а на родителите на загинатите деца во Кочани им ветил правда за случајот..