Алкалоид и Прилеп за старт на 9. коло од Супер лигата, дербито се игра во недела

Со денешниот натпревар меѓу Алкалоид и Прилеп стартуваат дуелите од 9. коло од Супер лигата, а дербито на колот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во недела (почеток 17:45 часот).
Дуелот во Автокоманда вечерва се игра со почеток во 19 часот, а екипата на Алкалоид ќе треба да ја потврди фаворитската улога и со евентуална победа бодовно (по 16) ќе се изедначи со лидерот Вардар. Гостите од Прилеп со 8 бодови се на шестото место на табелата и по неколку сезони се во горниот дел.
Утре (сабота) се играат дуелите меѓу Мулти Есенс и Бутел (почеток 17 часот) и МРК Куманово – Охрид (почеток 18:30 часот).
Покрај дербито во недела Вардар – Еурофарм Пелистер играат уште: Еурофарм Пелистер 2 – Струга (почеток 15.30 часот) и Младост – Тиквеш (почеток 18 часот).
По одигрувањето на натпреварите од оваа рунда ќе следува пауза во првенството поради квалификациските настапи на македонската репрезентација со Луксембург (дома) и со Грција (гости).
МИА
Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
