-->
-->
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-->
Ракометарите на скопски Алкалоид ќе играат против германски Хановер во квалификациите за пласман во групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа, одлучи денешната жрепка.
Алкалоид, кој минатата сезона го освои трофејот во Европската лига на ЕХФ, беше во групата на неносители и го доби најтешкиот можен противник.
Квалификациското коло е закажано за 30/31 август и 6/7 септември.
Избраниците на Кирил Лазаров првиот натпревар ќе го играат на гостински терен.
Алкалоид ќе се обиде да стане вториот македонски претставник кој во новата сезона ќе игра во групната фаза во второто по ранг европско клупско ракометно натпреварување во кое место веќе обезбеди Вардар 1961.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад
-
Рождество на Пресвета Богородица одбележано во манастирот Елеуса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот