Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
Предвремени параламентарни избори до година нема да има оти тоа ќе биде само губење време и покрај тоа што рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ овозможува аполутно мнозинство на парламентот, дециден е премиерот Мицкоски. Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ со порака до ДУИ да неги лаже свои гласачи дека нивна победа на локалните избори ќе значи и нова владина коалиција во која тие би се вратиле на власт.
И од албанскиот коалициски партнер Вреди дека оваа коалиција е стабилна и дека нема потреба од избори.
Од друга страна, од ДУИ не претстануваат критиките за власта и Вреди. Денеска коментираат дека се доцни со евроинтеграциите и дека токму албанскиот партнер во Владата излажал на ланските избори ветувале брза евроинтеграција.
Од Вреди пак, велат токму интегративците 20 години имаа шанса да направат нешто за евроинтегративниот пат на Македонија
Вчера и министерот за европски прашања Муртезани оптимистички излезе со информација дека во декемврискиот извештај на ЕУ Македонија ќе има најдобри резултати, пред Албанија и Црна Гора. Сепак, премиерот посочи дека суштински разговори со Бугарија за евентуални гаранции дека ќе нема нови барања по уставните измени треба да се очекуваат дури по Нова година.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар