-->
-->
Алкараз и Синер ги сменија местата на врвот на АТП ранг-листата
-->
Со освојувањето на трофејот на Грен слем турнирот УС опен шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изби на првата позиција на АТП ранг-листата, додека финалистот Јаник Синер падна за едно место и сега е втор.
Александар Зверев остана на третата позиција, а најголем скок во ТОП 10 има Новак Ѓоковиќ, кој се проби три позиции и сега е на четвртото место. Тејлор Фриц е петти со пад за едно место, а Бен Шелтон остана на шестото место. Џек Дрејпер има пад за две места и се наоѓа пред осмиот Алекс Де Минаур, полуфиналистот Лоренцо Мусети скокна едно место, а на десетото место е Карен Качанов.
Од македонските тенисери Калин Ивановски се наоѓа на 800.место со 31 поен, додека Горазд Србљак е на 2.178.то место со 1 поен.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени