Алтернатива: Во Чаир синоќа започна крајот на владеењето на ДУИ
Помина синоќа уште една скапа приватна забава на ДУИ. Се потврди по кој знае кој пат дека Чаир е на чаирчани, а не на ДУИ, а најмалку пак на Артан Груби.
Додека Албанците едвај сврзуваат крај со крај, додека цели семејства секојдневно си заминуваат од земјата барајќи чаре во туѓина, ДУИ е фокусиран исклучиво на задушување на внатрепартискиот револт. Да ја парафразираме онаа народната: Село гори Артан игра фудбал и кошарка во државни кабинети и собира партиски активисти во спортски сали. Очигледно нечиј страв се прикрива со бесцелни собири на збунети партиски активисти. И за таа цел не се штедат ресурси. Се злоупотребува секој атом од извршната власт.
Ваквата отуѓеност на ДУИ од сопствениот народ е најсилната мотивација Албанците на следните избори да го казнат овој расипнички модел на владеење кој ги држи во заложништво. АлтернАтивА е подготвена да биде олеснувач во процесот на окрупнување и обединување на општествените сили кои се подготвени конечно да се пресметаат со династијата на ДУИ. Како тргнале ДУИ да ги потценуваат Албанците, уверени сме дека наместо „Тој доаѓа” ќе биде „Тој заминува”.
Алтернатива
Ново на Сител
-

Завршува Вевчанскиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
