Американската војска тестира кучиња роботи што можат да стрелаат ракети и носат опрема

Американските маринци тестира кучиња-роботи кои можат да носат тежок товар, да истрелуваат ракети и да прават извидница, соопшти синоќа Фокс њуз.
- Маринците на САД тестираа нова генерација кучиња-роботи кои прават многу повеќе од наредбата „апорт“ и можат да се испратат на бојното поле. Војската се надева дека овие четириножни роботски кучиња во иднина можат да ја подобрат мобилноста и безбедноста на своите војници, наведува телевизијата.
„Роботот куче Го1 на компанијата „Јунитри“… е четириножна машина со вградена вештачка интелигенција. Може да биде опремен да носи на својот грб рачни ракетни лансери, исто може да биде опремен со многу камери, ласера за целење, и друга основна опрема“, објаснуваат оттаму.
Машината може да биде употребена за транспорт на тежок товар, да прави извидница на месноста и дури и за огнена подршка.
„Тоа е способно да следи гласовни команди, да трча со брзина до 16 километри на час, да се качува на угорници со наклон до 57 отсто. Тоа исто така без проблем се справува со удар од одвраќање при истрел на 22 милиметарска ракета“, јавува Фокс њуз.
Ново на Сител
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
