Американските демократи официјално потврдија дека Камала Харис ја добива партиската кандидатура за претседателските избори
Американските демократи официјално потврдија дека Камала Харис е нивниот кандидат за претседателските избори на 5 ноември за време на националната конвенција на партијата синоќа во Чикаго.
Делегации од сите американски држави и територии повторно го дадоа својот глас за Харис во чисто церемонијално гласање придружено со музика, светлосни ефекти, кратки говори и многу овации во салата за настани.
Харис веќе официјално ја доби поддршката од повеќе од 4,500 партиски делегати за да стане демократски претседателски кандидат за време на гласање преку интернет претходно овој месецТаа синоќа беше во Милвоки на настан кој е дел од нејзината изборна кампања.
Таа се приклучи на церемонијата за номинација во Чикаго онлајн за да каже дека таа и Валц биле почестени што биле номинирани од партијата.
Харис им вети на Американците „иднина на слобода, можности, оптимизам и надеж“ додека се приклучи на партиската конвенција буквално од предизборниот митинг во Милвоки.
Делегатите во Чикаго кренаа плакати „СЛОБОДА“, исти како оние што ги држеа нејзините поддржувачи на митингот во Висконсин.
Ново на Сител
-

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен
-

Преглед на вестите од светот
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
-

Правилникот за боледување усвоен на УО на ФЗО - нема кратење на денови туку промена на медицинските критериуми
