Американските власти објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон

Американските власти објавија видеоснимка од нападот што се случи за време на гала-вечера во Вашингтон, на која присуствуваше претседателот Доналд Трамп.
На настанот со новинарите во саботата, тешко вооружен маж проби безбедносен пункт, по што беше совладан од безбедносните сили. Биле испукани истрели, а Трамп беше итно евакуиран од неговото обезбедување.
Федералната обвинителка за Округот Колумбија, Џанин Пиро, изјави дека снимката е објавена за да се докаже дека не постојат докази оти пукањето било резултат на т.н. „пријателски оган“.
Таа додаде дека видеото, кое веќе е доставено до судот, го прикажува осомничениот Кол Ален како пука кон припадник на Тајната служба.
„Снимката, исто така, покажува дека Ален го набљудувал просторот во хотелот ’Хилтон‘ еден ден пред нападот. Мојот кабинет, заедно со ФБИ, ќе продолжи со оваа обемна истрага за да го изведе сторителот пред лицето на правдата“, напиша Пиро на Икс.
Видеото, составено од материјали снимени во различни денови, го прикажува Ален во фитнес-салата на објектот и како се движи низ ходниците. Дел од снимките се забавени или забрзани за потребите на истрагата и не содржат звук.
Ален во понеделникот беше обвинет за обид за атентат врз Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
