Анализа: Дали постои спрега на политиката со обвинителството?
Срамно и поразително е што странци ни укажуваат на политичко влијание во правосудството.
Универзитетската професорка Ана Павловска-Данева, за Сител вели зачудувачки е што обвинителите немаат желба да се ослободат од стегите на политиката.
„Резултатите од последниот избор на шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, укажуваат на уште попоразителен факт: главните актери на правосудниот систем, (во коннкретниот случај обвинителите), не чувствуваат потреба да го спречат политичкото влијание врз нивната работа и да се спротистват на извршната власт.
Срамно е за нас како граѓани, како општество, претставници на странски држави да ни ги прозиваат политичарите што сме ги бирале, да покажуваат со прст на оние од кои очекуваме правда и владеење на правото“, вели Универзитетскиот професор, Ана Павловска-Данева.
Скандалите по изборот на Абази и повлекувањето на Фетаи од трката за Вишото во Скопје без никакво објаснување, според експертската јавност, дополнително ќе влијаат врз довербата во правосудниот систем.
За утре претпладне е закажан изборот на Виш обвинител, а во трката за раководното место останаа двајца канидати.. Изборот иако најавен за минатиот понеделник, членовите на советот на јавни обвинители побараа уште една недела да ја разгледаат работата на кандидатите, но во меѓувреме, Фетаи ја повлече кандидатурата.
Идентична ситуација го следеше изборот и за прв човек на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кога непосредно пред утврдување на гласачкото ливче, од трката се повлече обвинителката Енѓелуше Кадриу – Леши.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
