Анализа - Дали во Македонија треба да се врати задолжителниот воен рок?
Србија го враќа задолжителното служење војска, по први мај ќе одлучат дали ќе биде во траење од 3, 3 и пол или 4 месеци.
Од 2007г Хрватска го укина задолжителниот воен рок, но сега повторно размислуваат да го вратат на сила. Хрватските власти предлагаат да трае пократко, околу 1 месец време кое е потребно да се поминат основните воени обуки. Косово има иницијатива за задолжителна војска за одбранбени цели.
И додека регионот веќе презема иницијатива, во Македонија ова не е ниту тема за дискусија. Експертите сметаат дека задолжителен воен рок е потребен пред се од социолошки, економски но и безбедносен аспект, но истовремено и поради актуелните војни кои се одвиваат недалеку од регионот.
Во Македонија 18 години нема регрутен воен состав што е причина повеќе да се преземат активности на овој план.
Како земја членка државата добила соодветен план за развој на одбранбените способности од НАТО, но за да се обезбеди потребен е и поголем буџет. Хаџи-Јанев потенцира државата треба сериозно да се ангажира и да го следи развојот на воено одбранбената технологијата.
Српската влада само годинава ќе потроши 740 милиони евра за оружје. Дополнително ќе обезбедат осум самоодни хаубици „Нора“, 81 оклопно возило „Милош“, 26 борбени возила на пешадијата, 30 одбранбени возила за борбеното возило „Лазар“. Косово го следи примерот, па веќе доби зелено светло од САД за 245 противтенковски ракети Џавелин.
Грција набавува 40 американски воени авиони Ф-35 и бесплатно ќе добие пакет воена опрема од САД. На грчко тло ќе бидат испратени два транспортера Ц-130, десет мотори за авиони П-3 и 60 оклопни борбени возила Бредли.
Лани Бугарија потпиша договор од 1,5 милијарда американски долари со САД, за купување на 193 пешадиски борбени возила „страјкер“, набавка на 3Д-радари за борбената авијација, во вредност од 200 милиони долари.
На Хрватска и се одобрени хеликоптери „црн сокол“ и друга придружна опрема во вредност од 500 милиони долари.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
