Македонија
6. November 2023 - 21:14

Анализа: Национализмот не е ништо ново во предизборните кампањи

ДУИ отвори музеј со главен експонат знаме на Голема Албанија со дел од Македонија во него, а Ахмети со изјави дека албансцте се господари на оваа земја. Новформираната албанска коалиција БЕСА, Демократско движење и Алтернатива ќе го менува Уставот за албанскиот јазик да стане службен јазик.Натпреварот помеѓу Шкупи- Вардар со транспаренти  „Имаме аманет кој ќе го завршиме: Срцето на Албанија да биде историскиот град Скопје“.На што се должи засилената националистичка реторика на политичките партии?

“Навивачките групи се секогаш дел од такви сценарија или разознавачки служби или партии кои што имаат за цел дестабилизираат и целосно би ги игнорирал. Овие други потези- Голема Албанија, етнички повици за редефинирање на Уставот како што имавме и претходни случаи и слично, мислам дека секако треба да биде предмет на Обвинителството и на МВР, бидејќи станува збор за нарушување на јавен ред и мир и нарушување на уставните норми што е апсолутно недозволиво.”

“Иако кај нас имаме 365 дена кампања, 4 години по ред до одржување на изборите, која се интензивира при крајот односно некаде пред почетокот на кампањата, веројатно тоа ќе се случи овој период, ноември или декември. Но реално мислам дека ќе се игра на таа карта, тоа го покажува и албанската опозиција која има слични ставови особено фури и некои поинтересни, како што е условувањето за промена на Уставот и детерминирање на албанскиот јазик во Уставот и други работи.”

Според аналитичарите посегнувањето на етничката карта за глас плус не е ништо ново и на таа карта играат речиси сите политички партии во предизборието, за да мобилизираат што повеќе гласови.

Во пресрет на изборите, најголемата албанска партија ДУИ која е на власт веќе две децении овој викенд доби обединет противкандидат, односно БЕСА, Алтернатива и Алијанса за Албанците кои формираа коалција чија главна цел како што велат им е да ја испратат ДУИ во историјата.

Дали е можна нова Влада со новоформираната албанска коалиција, аналитичарите велат дека за тоа ќе одлучат гласачите.