Анкара изрази загриженост во врска со нападот врз двата танкера во Црно Море

Анкара изрази загриженост во врска со нападот врз двата комерцијални брода во Црното Море, што ги загрози човечките животи, безбедноста на пловидбата и животната средина, изјави доцна синоќа портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели.
„Длабоко сме загрижени за нападот во петокот, 28 ноември, врз двата танкера што пловеа под гамбиско знаме: „Каирос“ и „Вират“, во Црното Море. Овие инциденти во нашата ексклузивна економска зона создадоа сериозни безбедносни ризици и претставуваат сериозни ризици за безбедноста на пловидбата, животите, имотот и животната средина во нашиот регион“, напиша Кечели на мрежата X.
Кечели истакна дека Анкара одржува контакти со релевантните страни за да се спречи ширењето на конфликтот кон Црното Море и да се спречи негативно влијание врз економските интереси на Турција.
Турската поморска администрација во петокот објави дека танкерот „Каирос“ со знаме на Гамбија се запалил во Црното Море, 28 милји од турскиот брег, поради „надворешна сила“.
Дваесет и пет члена на екипажот беа успешно евакуирани.
Подоцна, екипажот на танкерот „Вират“ извести дека бродот бил погоден од ракета на 35 милји од турскиот брег.
На бродот имало 20 членови на екипажот, кои изјавиле дека не сакаат да го напуштат бродот.
Танкерот повторно бил нападнат и вчера со беспилотни летала.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
