Анкетната за Онкологија доби нова можност – Меџити го гушеле костумот и краватата
Анкетната комисија во Собранието доби нови 30 дена можност за утврдување политичка одговорност за скандалот во Онкологија. На предлог на ВМРО ДПМНЕ партиите се согласија да се испитаат новите факти и да се види дали имало прекршување на уставно загарантираните права и злоупотреба на законите. Првата седница од продолжението е закажана за в понеделник.
- Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија и информациите кои беа дадени од досега сослушаните лица, ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата во делот на повикување на носители на јавни функции, раководни лица во иниституциите и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и периодот од Април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО. Заради ова, ја поднесуваме оваа Одлука со која Анкетната комисија ќе има дополнителни 30 дена за да повика и други засегнати институции и експерти, изјави Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО ДПМНЕ и претседател на Анкетната комисија.
Министерот за здравство пак по втор пат неделава го повика обвинителството како што рече крајно време било да излезе со име и презиме за случајот Онкологија.
- Апелирам за случајот со Клиниката за онкологија, крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме зошто овој костум, оваа кравата ме гушат. Да ви кажам дека ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав дека не претпочитам да бидам политичар од некоја партија, туку ќе бидам лекар и тоа и ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас ќе ги подобриме работите,изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.
На изјавата на Меџити одговорија од обвинителството и порачаа случајот Онкологија да не се злоупотребува во политички цели.
- Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, Обвинителството по изјавата на министерот излезе со реакција во која посочува дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови. Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели, порачуваат од Обвинителството.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар