Антикорупциска ги добила првите пријави за можни злоупотреби
Кандидатите за градоначалници и советници не водат сметка за јавните настапи и нудат нереални проекти. Таква е оценката на антикорупциската комисија за првите два дена од предизборната кампања. Антикорупционерите веќе добиле 20ина пријави за можни злоупотреби од страна на носители на јавни функции.
„Носител на јавна функција, преку Агенција за привремени вработувања, поставува претседател на својата партија, кој при вршење одредена службена должност во институцијата во која е поставен, има можност да агитира на луѓето кои ќе ги користат услугите, да гласаат за нивната партија“, вели Билјана Ивановска, Претседател на Државна комисијата за спречување на корупцијата.
Според антикорупциска, политичките актери во изборната кампања, умешно ги избегнуваат обврските од Изборниот законик. Велат, сите градежни работи се планираат во очи на кампањата, со што се заобиколува изборната регулатива.
Изборниот законик кој треба да го регулира однесувањето на учесниците во политичките кампањи, според антикорупциска е нефункционален, бидејќи тој не предвидувал прекршочни санкции. Кривичните постапки биле бавни, па како што велат од комисијата, додека постапката пристигне пред суд, ќе заврши и и мандатот на функционерите.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
