Антонели нов светски шампион во Формула 1

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, го освои шампионатот во Формула 1 за сезоната 2026. Дваесетгодишниот Италијанец синоќа заврши трет на Големата награда на Мексико и го обезбеди трофејот. Тој стана најмладиот светски шампион во Формула 1.
Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) ја освои трката во Мексико Сити. Второто место му припадна на Британецот Луис Хамилтон (Ферари), со заостанување од 0,799 секунди. Заостанувањето на Антонели зад победникот беше 4,006 секунди.
Антонели го освои трофејот во Формула 1, иако до крајот на сезоната остануваат уште четири трки.
Следната, 20. трка е закажана за Сао Паоло, Бразил, од 6 до 8 ноември, 21. трка ќе се вози во Лас Вегас, САД, од 20 до 22 ноември, 22-та во Доха, Катар, од 27 до 29 ноември, а 23-та трка е закажана за Абу Даби, ОАЕ, од 4 до 6 декември.
По Големата награда на Мексико, Антонели има 380 бода, Верстапен има 261, а Хамилтон има 259.
МИА
Ново на Сител
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
