Македонија
6. January 2020 - 16:35

Апел од лекарите - да не се преминува од пост веднаш на обилна и мрсна храна

По десетина прејадени граѓани за Новогодишните и Божиќните празници  секоја година завршуваат на Токсикологија.

Од Клиниката велат дека пациентите најчесто  се жалеле на стомачни потешкотии, болки во желудникот, мачнина од прекумерно консумирање мрсна храна.

-Не се советува веднаш преод на мрсна храна, обично после пости кај нас консумираат мрсни оброци. Такја да тоа би можело посебно кај хронично болни, пациенти со хипертензија, пациенти со нарушен метаболизам на масти би можело да дојде до компликации. Имаме случаи години наназад доаѓаат пациенти со стомачни потешкотии, изјави  д-р Ирена Јуруков, од Клиниката за токсикологија.

Граѓаните кои ги анкетиравме се свесни за ризикот по здравјето од прејадувањето.

За да не завршат во болница лекарите советуваат граѓаните да јадат умерено, а оние кои постеле постепено да внесуваат мрсна храна и да имаат физичка активност на чист воздух.