Апел за помош: Да му помогнеме на Стефан, татко на едногодишно дете и полицаец кој се бори со тешка повреда

Стефан Петрушевски, сопруг, татко на едногодишно дете и полициски службеник, има потреба од помош за да го продолжи лекувањето во странство по тешката повреда со која се здобил по струен удар и пад од височина.
Стефан, кој својот живот го посветил на одговорноста и грижата за другите, денес се соочува со една од најтешките животни битки.
По несреќата, тој се здобил со тешка повреда на ’рбетот, поради која има тетраплегија, потреба од трахеостома и повремена механичка вентилација.
За неговото закрепнување неопходно е продолжување на лекувањето во специјализирана медицинска установа во странство, каде што мултидисциплинарен медицински тим ќе спроведе соодветен третман за рехабилитација, закрепнување, физикална терапија и интензивна рехабилитација.
Пред Стефан е долг и тежок пат, а трошоците за лекувањето претставуваат голем финансиски товар кој неговото семејство не може самостојно да го поднесе.
Неговите најблиски упатуваат апел до сите хумани граѓани да помогнат според своите можности, за Стефан да добие шанса за понатамошно лекување и да биде покрај своето дете додека расте.
Граѓаните можат да донираат преку телефонските броеви:
-
Телеком: 143 125
-
А1: 143 483
Денарска сметка: 2000004387710796
Банка: Стопанска банка АД – Скопје
Примач: Валентина Петрушевска
Цел на уплата: Донација за Стефан Петрушевски
Донации од странство се можни и преку девизните сметки наведени во апелот.
Семејството апелира и до граѓаните кои не се во можност финансиски да помогнат да ја споделат информацијата, за повикот за помош да допре до што повеќе луѓе.
Да му помогнеме на Стефан – за него, за неговото дете и за неговото семејство.
Ново на Сител
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
