АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина

Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа. Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето го упативме до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и до координаторите на сите пратенички групи, се наведува во соопштението на АПИС и АСОМ кое МИА го пренесува интегрално.
Убедени сме дека ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници на асоцијациите и вработените во легалните објекти да ја споделат сопствената експертиза и професионално искуство со пратениците. За жал, не само што не добивме ниту позитивен ниту негативен одговор, туку денес на дневен ред на пленарната седница е ставен Предлог законот за игри на среќа во прво читање. Се засилува нашиот впечаток дека за некого брзината е поважна од суштината.
Ја користам оваа прилика да го потенцирам следното. Зборуваме за закон кој се однесува на економски сектор со повеќе од 10 илјади вработени што вкупно гледано е најголемиот приватен работодавец. Зборуваме за регулатива од која зависат повеќе од 350 милиони евра буџетски приливи на годишно ниво. Закон со толку сериозни последици, особено што содржи уставно спорни одредби и решенија е недозволиво да се носи набрзина. Вака подготвен закон на среден рок ќе направи хаос во општеството кој тешко ќе може да се спречи. Затоа, сметаме дека е неопходно во законодавниот дом да ги соочиме аргументите и најважно од се’ јавноста да добие точна претстава за тоа какви штета ќе предизвика усвојувањето на овој Предлог закон.
Долг период игрите на среќа се цел на негативна кампања во која се нафрлаат разни клевети. Легалните објекти не се закана за младината. Закана за младината е популизмот кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконски играчници кои ќе се одвиваат по подруми, а државата ќе нема никаква контрола.
Голем дел од нашите членки имаат капитал од ЕУ, станува збор за општествено одговорни компании кои донираат во јавното здравство, спортот, културата, покровители се на многу хуманитарни акции и до сега низ различни примери покажале дека се искрен и стабилен партнер на заедницата. Доколку не бидеме ислушани и нашата експертиза и знаење не биде уважено со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките европски и светски стандарди за организирање игри на среќа, ќе бидеме принудени да ги користиме сите демократски средства и правни механизми да ја истераме правдата до крај.
АПИС и АСПМ
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
