Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја оцени заканата на САД со нови санкции како знак на очај, нагласувајќи дека очекуваните нови мерки нема да можат да го скршат Иран.
Опишувајќи ги заканите како „повторувачки сценарија“, шефот на иранската дипломатија во видео објавено на апликацијата Телеграм рече: „Фактот дека тие (американските лидери) преминаа од воени операции на повлекување стари планови, покажува дека се очајни“.
Тој нагласи дека Вашингтон треба да разговара со Иран со почит за да се најде „решение засновано на правда и чест“.
– Никогаш не сме се плашеле. Сите нивни акции – без разлика дали станува збор за блокади или други воени потези што ги презедоа – завршија со неуспех. Оваа нивна нова иницијатива исто така ќе пропадне, рече Арагчи.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, најави дека во вторник ќе објави, како шти наведе, „најстроги санкции во историјата“ врз Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на економски последици за секоја земја што ќе му обезбеди „каква било поддршка на Иран“, а Бесант ја повика Кина, која купува повеќе од 80 проценти од иранската нафта, да соработува со Вашингтон.
Кина, од своја страна, повика на дипломатско решение.
Иранската економија е веќе под огромен притисок од меѓународните санкции, нејзината инфраструктура е постојано погодена, а илјадници луѓе се убиени во воздушни напади врз Исламската Република откако САД и Израел ги започнаа своите напади на 28 февруари, забележува Ројтерс.
Сепак, Техеран продолжува да се држи по речиси шест месеци војна и ефикасно го блокира превозот низ Ормуската Теснина, одбивајќи да им дозволи на танкерите за нафта да поминат низ важниот воден пат за меѓународна трговија, кој е од витално значење за глобалното снабдување со нафта. Блокадата доведе до пораст на цените на нафтата
Ново на Сител
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
