Астероид именуван по папата Лав XIII

Астероид е официјално именуван по поранешниот папа Лав XIII, соопшти Ватикан вчера. Вселенската карпа сега орбитира околу Сонцето под новото име Џиоакинопечи (Gioacchinopecci).
Џиоакино Печи, кој бил титулиран како папа Лав XIII (1810 – 1903) е Италијанец, и тој ја напишал првата социјална енциклика на Римокатоличката црква – формално папско писмо со упатства испратено до сите епископи. Историјата сè уште го помни како „Папа на работниците“. Наследството на Лав XIII ја вклучува и Ватиканската опсерваторија, којашто тој ја основал. Фотографии од почетокот на 20 век ги покажуваат куполите на телескопите на опсерваторијата на ѕидовите на Папската Држава.
Астероидот што е именуван по него првпат го откриле литванскиот астроном Казимиерас Чернис и астрономот од Ватиканската опсерваторија, отец Ричард П. Бојл.
Лав XIII не е првиот папа во чијашто чест е именуван астероид. Малата планета наречена Рацингер е именувана по германскиот папа, Бенедикт XVI (1927 – 2022). А астрономијата познава и астероид именуван по папата Грегориј XIII (1502 – 1585), кој го создал грегоријанскиот календар.
Ново на Сител
-

Одбележан Светскиот ден на детето
-

Законот за плажи до новата туристичка сезона
-

Се очекуваат нови вработувања поголеми блок дотации од државата за Домот за стари лица во Прилеп
-

Собраниската надзорна расправа за Алта банка продолжува следната недела
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком
-

Декларација за мир потпишана на историската средба меѓу претседателите на САД, Русија и Кина
-

Истражните органи влегоа во Макстил – Се проверува дали фабриката загадува надвор од дозволените параметри
-

Со акциски план ќе се бара решение за неконтролираното движење кравите низ Крива Паланка
