Македонија
15. January 2024 - 16:33

АВМУ ќе го тужи Министерството за информатичко општество бидејќи со години им исплаќа помалку средства

АВМУ ќе го тужи Министерството за информатика бидејќи незаконски им исплаќа помалку средства. И по последните измени на законот со кои се укинува дискреционото право на МИОА за реализирање на процентот за исплата, тие сепак подолго време не им ги даваат предвидените средства. Последните 6 месеци, Агенцијата добила 4812 000 денари помалку. Откако двапати им укажале на министерството, а реагирале и до претседателот на Собранието и другите надлежни институции, решиле правдата да ја бараат на суд. Тужба подготвува и јавниот сервис бидејќи средствата што им биле скратени се многу повисоки од тие на агенцијата.

Поради непочитување на законот, Трајчевски вели ќе им се ускрати правото на пристап до фондовите од европската програма на сите медиуми, организации и здруженија. Со програмата креативна европа 2021- 2027 предвидени се 2,5 милјарди евра од кои повеќе од половина се за медиуми.