Австрија: Неколку лица хоспитализирани по користење фалсификуван лек за дијабетес Оземпик
Неколку луѓе во Австрија завршија во болница откако, според првичните претпоставки, користеле фалсификувани верзии на лекот за дијабетес Оземпик од данскиот Ново Нордиск, соопшти денеска австрискиот регулатор за здравствена безбедност во првиот таков извештај, подготвен со цел да се сузбијат фалсификуваните лекови.
Пациентите доживеале хипогликемија и напади, кои се сериозни последици што укажуваат на тоа дека производот содржел инсулин наместо активната состојка на Оземпик семаглутид, соопшти регулаторот BASG.
Австриските истражители вчера предупредија дека фалсификуваниот лек можеби сè уште циркулира меѓу граѓаните.
Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела предупреди дека има инјекции со лажно име Оземпик.
Данскиот производител на лекови, Ново Нордиск, предупреди на зголемување на понудата на фалсификуван Ozempic на Интернет и лекот за слабеење Wegovy. Двата лека се базираат на семаглутид.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
