Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија

Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, нема повредени.
Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија.
Несреќата се случила околу пет часот наутро.
Од засега непознати причини, автобусот ја пробил заштитната ограда и излетал покрај патот, изјавија од бугарската полиција за N1.
-Автобусот ја пробил заштитната ограда и излетал покрај патот, но не се превртел – велат тие.
Сите патници безбедно го напуштиле возилото.
Медиумите јавуваат дека автобусот превезувал голем број српски државјани, претежно млади луѓе, кои се враќале од одмор во Кушадаси, Турција.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
