Бахреин ги осуди иранските напади

Министерството за надворешни работи во Манама ги осуди новите ирански напади врз Бахреин и Кувајт.
- Оваа очигледна агресија е јасно кршење на суверенитетот на двете земји, се наведува во соопштението на бахреинското МНР.
Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) синоќа, како одговор на американските напади, истрела балистички ракети врз военовоздухопловната база „Али ал Салем“ во Кувајт, каде има стационирано и американски војници и врз главната база на Петта американска флота во Бахреин.
ИРГЦ тврди дека ракетирани се американски бази во Кувајт и во Бахреин, а исто така е стрелано врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ Ормуска Теснина.
Техеран истрела седум балистички ракети кон Кувајт и Бахреин само неколку часа откако Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) собори четири ирански беспилотни летала лансирани кон Ормуска Теснина. Според ЦЕНТКОМ беспилотните летала претставувале директна закана за поморската пловидба во регионот.
ЦЕНТКОМ соопшти дека се пресретнати шест ирански балистички ракети над Кувајт и Бахреин.
Американските сили потоа ги нападнаа иранските крајбрежни радарски станици во Горук и на островот Кешм како одбранбена мерка од понатамошни напади врз бродовите.
Властите во Бахреин ги повикаа граѓаните да побараат засолниште.
Ново на Сител
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
-

Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли
-

Преглед на вестите од светот
