-->
-->
Белингам надвор од терените околу еден месец
-->

На фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, му е дијагностицирана повреда на тетивата на левата нога, објави прес-службата на мадридскиот клуб.
Според новинарот на „Ел Чирингито“, Хозе Луис Санчез, закрепнувањето на 22-годишниот Англичанец ќе трае околу еден месец.
Белингам ја заработи повредата во победата од 2:1 над Рајо Ваљекано во 22-то коло од Ла Лига. Натпреварот се одигра вчера, а фудбалерот беше заменет во 10. минута.
Оваа сезона, Белингам одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и четири асистенции.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
