Бесплатен панорамски разглед на Скопје

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје денеска организира бесплатен панорамски разглед на градот.
Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале некогашниот изглед и дух на градот.
- Поаѓањето е од Порта „Македонија“, во 10:00 часот. Заинтересираните граѓани за бесплатниот панорамски разглед ќе можат да се пријавуваат на телефонскиот број: +389 71 250 419. Да се потсетиме на минатото, да ја чуваме меморијата на Скопје и да ја пренесуваме неговата приказна на идните генерации - посочуваат од Град Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
