Бесплатното лекување за сите граѓани доцни цела година
Цела година доцни најавеното бесплатно лекување за сите граѓани во земјава. Иако оваа мерка владејачката СДСМ ја вети во програмата на претходните парламентарни избори, а летото 2018 тогашниот Премиер Зоран Заев на пратенички прашања најави дека сите осигуреници на Фондот за здравство од 1 јануари ќе бидат ослободени од партиципација за лекување во болници, засега оваа привилегија ја имаат само пензионерите со подпросечна пензија и корисниците на социјална помош. Министерот Филипче вели дека ветувањето ќе биде исполнето, но ќе оделе чекор по чекор.
-Станува збор за систем кој прави контрола во давањето на здравствени услуги и штити од непотребно давање на здравствени услуги и тоа е така секаде во светот. Со оглед на големата инвестиција коија ја направивме во примањата и платите . Следниот чекор ќе биде да се фокусираме токму на ова ветување, чекор по чекор да се ослободат групи на граѓани од партиципација, односно да имаме целосно бесплатно болничко лекување, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.
Филипче не прецизираше кога сите граѓани нема да имаат обврска да плаќаат партиципација ако завршат на лекување во болница, но потенцираше дека според нивните анализи процентата е дека бесплатното болничко лекување годишно чини околу 400 милиони денари.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
