Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
Малолетници го полнат полицискиот билтен – без возачка управаат автомобили и мотори, а предизвикуваат и сообраќајки.. Во само едно деноноќие, контролите на сообраќајната полиција откриле три случаи на недозволено управување на моторни возила во кои зад управувачот седеле малолетници.. Според билтенот на МВР, сите тројца биле лишени од слобода..
16 годишник од селото Алдинци доцна синоќа со автомобил Мерцедес се возел низ селото Кривогаштани, откако бил сопрен од полицијата, утврдено било дека тој нема возачка..
„На 26 јули во 21:30 часот, полициски службеници лишија од слобода 16-годишен малолетник од с. Алдинци, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „мерцедес“, кое го управувал малолетникот, при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола“, се вели во соопштението на МВР.
По неполни два часа млад гостиварчанец кој возел мотор низ градските улици, станал учесник во сообраќајка.. Доаѓањето на полицијата открила дека малолетникот нема возачка дозвола, а моторот не бил регистриран..
„Во 23:00 часот на улица „Браќа Блажевски“, полициски службеници лишија од слобода 16-годишен малолетник од Гостивар. Управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода. Мопедот му е одземен“, велат од МВР.
Со нерегистриран мотор и без возачка, бил откриен уште еден помлад гостиварчанец.. 18 годишникот околу пладне бил сопрен од полиција во Маврови анови, по направената контрола, момчето било лишено од слобода, а моторот му бил одземен..
За сите три случаи, од полицијата велат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
