Македонија
21. November 2026 - 13:51

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци

Во близина на с. Смилковци, скопско, пронајдено е безживотно тело на маж, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот.

Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско, информира МВР.

Како што наведуваат оттаму, во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.

Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата.

Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција, додава МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан.

 

МИА

Ново на Сител