-->
-->
БиХ: Петмина тешко повредени во вооружен судир кај мигрантскиот камп во Блажуј
-->
Пет лица се здобиле со тешки телесни повреди во синоќешниот вооружен судир меѓу криминални групи во близина на мигрантскиот камп во Блажуј, кај Сараево. Како што потврди Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево за порталот Klix.ba, на Клиничкиот центар во Сараево се примени шест лица, од кои две се во животно загрозувачка состојба.
Меѓу повредените се еден државјанин на Пакистан и пет лица од Авганистан.
Полицијата продолжува со интензивна потрага по сите учесници во инцидентот, а теренот беше детално пребаруван со полициски дрон.
Во текот на ноќта повеќе лица биле испрашани како сведоци, додека неколкумина се приведени и се наоѓаат во просториите на Управата на полицијата на МВР на КС, со статус на осомничени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните