-->
-->
Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
-->

На 28.10.2026 година, во 21:10 часот, во Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.О. (27) од Битола, кој издржувал затворска казна, но во моментот користел отсуство од казнено-поправната установа.
При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и таблети, за кои постои сомневање дека се недозволени супстанции. Пронајдените материи биле одземени за понатамошна постапка и утврдување на нивниот состав.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по преземените полициски мерки, А.О. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, каде што треба да продолжи со издржување на затворската казна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
