Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта

На 29-годишен битолчанец му е одреден осумдневен притвор откако полицијата за помалку од 30 часа двапати го затекнала како управува автомобил под силно дејство на алкохол.
Првиот пат Х.Ј. бил запрен на 7 ноември, околу 21:30 часот, на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Тој управувал автомобил „Мерцедес“ со битолски регистарски таблички, а алкотестот покажал 3,23 промили алкохол, по што бил приведен.
Но, тоа не го спречило повторно да седне зад воланот. На 9 ноември, во 02:41 часот, полициски службеници повторно го запреле истиот возач, овојпат на улицата „Партизанска“ во Битола.
При повторното алкотестирање биле измерени уште повисоки 3,50 промили алкохол, по што 29-годишникот по вторпат бил лишен од слобода.
По целосното документирање на двата случаи, на битолчанецот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-

Единствени испрани пари се на СДСМ преку Еуростандард банка
-

Минчев: Се професинализира администрацијата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
