Македонија
8. March 2023 - 19:47

Битолскиот суд забрани ископувања на археолошкиот локалитет „Влахо“

РЕК Битола не добива јаглен од новопроектираното наоѓалиште „Задбрдо“ кај Новаци.

На местото се наоѓа археолошкиот локалитет „Влахо“, па по барање на обвинителството, битолскиот суд забрани пристап за булдожерите на приватниот концесионер.

Битолскиот завод и музеј од лани алармирал дека не се завршени археолошките истражувања на локалитетот, но и покрај тоа, на почетокот на годинава, компанијата ја донела градежната механизација.

Со досегашните ископувања, според надлежните, е веќе направена голема штета на локалитетот кој важи за еден од најстарите праисториски локалитети во Европа.

Компанијата пак е под истрага за оштетување на културно наследство.