Блумберг: Харвард се соочува со губење патенти вредни стотици милиони долари
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе поништи стотици милиони долари патенти во сопственост на Универзитетот Харвард, обвинувајќи го универзитетот дека не ги почитува федералните закони за грантови за истражување.
Во писмо од секретарот за трговија Хауард Лутник до претседателот на Харвард, Алан Гарбер, во кое имаше увид Блумберг, се вели дека универзитетот не ги исполнува своите обврски кон американските даночни обврзници.
Харвард има рок до 5 септември да докаже дека ги почитува прописите, вклучително и својата посветеност да го фаворизира производството во САД, или ризикува да ги изгуби своите патенти.
Портпаролот на Харвард рече дека потегот е „одмазда“ против универзитетот за одбрана на неговите права и слободи. Тој нагласи дека институцијата е посветена на почитување на законот и обезбедување дека јавноста ќе има корист од иновациите што произлегуваат од федерално финансираните истражувања.
Ова е првпат „администрацијата да го користи Министерството за трговија и законот за патенти за да изврши притисок врз Харвард и други престижни образовни институции“.
Федерален суд на САД моментално разгледува случај на Универзитетот Харвард против администрацијата на Трамп во врска со намалување на владиното финансирање од 2,6 милијарди долари.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора
-
Странските криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани
-
Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа
-
Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села
-
Акциска контрола во Скопје: Казнети 99 возачи, приведени двајца малолетници, санкции за угостителски објекти