Македонија
10. August 2023 - 16:39

Болните дечиња во Козле доаѓаат по распадната калдрма

Поради дупки на патот ризично е возењето до детската клиниката Козле. Родители со болни деца во автомобил секојдневно го минуваат овој пат кој е единствен кој води до болницата. Се жалат и вработените кои трпат сериозни штети на своите возила.

Граѓаните се револтирани што локалните власти не се погрижиле да реновираат една улица која е долга само 500тина метри.  

Оваа клиника дневно ја посетуваат стотици граѓани бидејќи само таму се нуди третман за  лекување на деца со белодробни заболовуања.

Улицата е со поделена надлежност,  асфалтниот дел е во надлежност на Општина Центар, а калдрмата на Општината Карпош. Токму оваа половина од улицата е сериозно оштетена, а од општина Карпош велат дека тие немаат доволно средства сами да ја санираат.  Реконструкцијата требало да се реализира со помош од Град Скопје, но проектот бил пеплосан. 

Од Град Скопје нема одговор зошто до сега не е направен нов проект за санација. Инаку пожарот во бараките на јавното претпријатие се случи во декември 2021г.