Британскиот амбасадор Лосон преку видео порака на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон го честиташе Денот на македонскиот јазик преку видео обраќање на македонски јзик.
-Веќе сум четврта година од мојот мандат како британски амбасадор и покрај дипломатските обврски што ги имам, секојдневно уживам користејќи го македонскиот јазик како алатка за комуникација со Владата, институциите, медиумите, невладиниот сектор и пријателите што ги стекнав во оваа прекрасна земја - наведува Лосон во видео обраќањето на македонски јазик на својот Фејсбук профил.
Лосон наведува дека богатството од познавањето на македонскиот јазик ќе му остане засекогаш.
-Богатството од познавањето на македонскиот јазик ќе ми остане засекогаш – ќе го носам со себе, читајќи ги преводите на Вилијам Шекспир од Драги Михајловски, слушајќи македонски песни и користејќи го јазикот во секоја прилика. Честит Ден на македонскиот јазик, наведува Лосон.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
