Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека неверојатно тешка година е зад Србија и изрази надеж дека 2026 година ќе биде помирна и понормална.
„Неверојатно тешка година е зад нас, се надевам дека ќе влеземе во политички, ако не помирна, бидејќи е изборна година, тогаш понормална година“, изјави таа за ТВ Прва.
Брнабиќ додаде дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во својот говор пред Собранието на Србија синоќа, повторно повикал на дијалог, но дека одредени луѓе го сметаат тоа за слабост.
„Нема победници, нема губитници. Ова е наша земја, мора да споделиме и да видиме што ќе направиме заедно“, рече Брнабиќ.
Таа оцени дека околностите во светот се катастрофални и додаде дека не верува дека ќе биде полесно во 2026 година во овој поглед.
„Не гледам дека има разбирање од двете страни. За жал, целиот свет сега е во опасност, поради различните влијанија на социјалните мрежи, кои придонесоа за екстремизација на целото општество, како и за екстремизација во целиот свет. Блокадерите се вклучуваат во политиката заради лајкови, а не за благосостојбата на земјите, нациите, целото население. Сите го гледаат компромисот како знак на слабост“, рече претседателката на Собранието на Србија.
Таа истакна дека 2025 година во Србија беше обележана и со изградба на патишта, големи инфраструктурни проекти, како и повисоки плати и пензии за граѓаните.
Брнабиќ изјави дека доказ за напредок е и тоа што 700.000 патнички возила биле регистрирани во Србија во 2012 година, а околу 2,5 милиони возила на крајот од минатата година.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
