Македонија
31. July 2025 - 12:21
Бродот амбуланта и ова лето не функционира
Бродот амбуланта и ова лето не функционира. Шпицот на сезоната и зголемениот број интервенции во водите на Охридското езеро уште еднаш го наметнаа проблемот од потребата за зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во водниот сообраќај.
Точков од Црвениот крст вели дека надлежните треба да сватат колку пловилото е од корист на работата на спасителите и колку истото овозможува брз и ефикасен транспорт на повредени од поодалечените и непристапни плажи до соодветните медицински установи.
Инаку амбулантното пловно возило кое би требало да патролира во водите на езерото не само во летниот период туку за време на целата година беше пуштено во употреба во 2011 година но веќе 5 години е оставено како споменик во каналот Студенчишта.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->