Македонија
16. July 2025 - 12:16

Бројни културни манифестации за привлекување туристи

Бројни културни и забавни манифестации и ова лето за привлекување туристи во главниот туристички центар.Целта е збогатување на понудата и афирмација на градот. По завршувањето на Вино фест ,отворањето на Охридско лето , следуваат Охридски поетски бисер, На зајдисонце во Трпејца, Поетска ноќ на Велестово но и бројни концерти и забави за сечиј вкус .

Податоците од државниот завод за статистика покажуваат дека  туризмот во земјава бележи значителен раст во првите пет месеци, споредбено со истиот период лани, вкупниот број туристи е зголемен за 16,3 проценти а има зголемување и на туристичката такса во Охрид.

Културните манифестации го промовираат не само Охрид, туку и помалите туристички места.Според бројот на пристигнати странски туристи, најбројни се посетителите од Турција, па следат оние од  Германија, Франција и Србија а зголемен интерес има и од Полска, Холандија, Чешка, Грција и Хрватска.