Бројот егзекуции во светот во 2025 достигнал рекордно ниво за последните 44 години

Бројот егзекуции во светот минатата година достигнал највисоко ниво од 1981 година наваму, со најмалку 2707 извршени смртни казни во 17 држави, се посочува во најновиот извештај на „Амнести интернешнал“.
Генералната секретарка на Организацијата, Ањес Каламар, изјави дека загрижувачкиот раст се должи на „мала, изолирана група држави“ кои продолжуваат да ја применуваат смртната казна и покрај глобалниот тренд кон нејзино укинување.
Во извештајот се посочуваат Кина, Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Јемен, Кувајт, Сингапур и Соединети Американски Држави како држави кои, според организацијата, ја користат смртната казна за заплашување, задушување на несогласувањето и демонстрација на државна моќ врз ранливите и маргинализираните групи.
Најголем пораст е забележан во Иран, каде што биле егзекутирани најмалку 2159 лица, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2024 година. Во извештајот уште се наведува дека Кина останува „водечки егзекутор во светот“, при што се смета дека таму се извршени илјадници егзекуции, иако точните бројки не се достапни.
Во Саудиска Арабија регистрирани се најмалку 356 егзекуции, најчесто за дела поврзани со дрога, додека во Соединети Американски Држави биле извршени 47 егзекуции, а во Египет 23.
Од „Амнести интернешнал“ посочуваат дека, и покрај загрижувачките бројки, глобалниот тренд и натаму оди кон постепено укинување на смртната казна.
МИА
Ново на Сител
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
